Како Софија Лаличиќ стана судијка - транскрипт од прислушуваниот разговор помеѓу Лаличиќ и Сашо Мијалков

Како Софија Лаличиќ стана судијка – транскрипт од прислушуваниот разговор помеѓу Лаличиќ и Сашо Мијалков

Транскрипт од прислушуваниот разговор помеѓу Сашо Мијалков (СМ), поранешен прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање и денеска разрешената судијка, Софија Лаличиќ (СЛ)

СМ: Што праиш?

СЛ: Ништо еве во Охрид сум.

СМ: Има снег?

СЛ: М?

СМ: Има снег?

СЛ: Многу.

СМ: Многу!?

СЛ: Многу, да.

СМ: Е па тоа е добро. Ќе памтиме дека со првиот снег некои работи се завршиле.

СЛ: Ме зезаш?

СМ: Да, ајде, со среќа нека ти е.

СЛ: За кога?

СМ: Понеделник.

СЛ: Ме зезаш?

СМ: Не те зезам, бе. Само не збори на никој, ништо.

СЛ: Не, не, не.

СМ: На никој. Само за себе држи си го ова.

СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?

СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?

СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?

СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.

СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.

СМ: А?

СЛ: Тоа и е моминско, и е Тупанчевска, Петровска и е од мажот.

СМ: Аха. Иначе која е, како е она?

СЛ: Па на Тунапчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, и го испуши. Значи цел Сваровски и го купи и го испуши.

СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.

СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сварсовски поклони и купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега…сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.

СМ: Добро ајде нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.

СЛ: И добро, друг?

СМ: Толку е што.

СЛ: Е па три места има.

СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.

СЛ: Што збориш бе?

СМ: Каква е таа, кажи ми?

СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи…

СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа неможе да пројде така.

СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.

СМ: Таа утре ќе се сврти, а?

СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?

СМ: Што?

СЛ: За Вики, на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?

СМ: Не…

СЛ: Зошто?

СМ: Ама може да и завршиме.

СЛ: Дај бе завршете.

СМ: Она за каде е?

СЛ: Или за кај нас, или за некаде друго ставете ја жената. 53 години има, 62 годиште е.

СМ: А сега каде е?

СЛ: Самостоен советник е у Судски совет кај Александра.

СМ: Не е судија?

СЛ: Вики Арнаудова. Не.

СМ: Е па ја не знам по име, затоа.

СЛ: Таа е таа што збореа…

СМ: Добро де, има време до понеделник.

СЛ: Е така.

СМ: Има време до понеделник.

СЛ: Добро. Друго?

СМ: Нема ништо. Еве сакав да ти кажам, како што ти реков вчера.

СЛ: Одлично.

СМ: Така и денеска се заврши.

СЛ: Добро, е па сега живели ќе направам.

СМ: Па кога ќе се заврши работата ќе се частиме, ајде.

СЛ: Важи, договорено.

СМ: Ајде, чао.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …