Какви летни ценовни шокови не` очекуваат?

Какви летни ценовни шокови не` очекуваат?

Крајот на мерката за замрзнати маржи на лебот, шеќерот, јајцата и млечните производи носи неизвесно лето за граѓаните. Тие стравуваат од вртоглав раст на цените. Како да се излезе на крај со истенчениот семеен буџет?

Одмрзнати маржи за основните прехранбени производи, враќање на ДДВ-то од 10 на 18 проценти, ново покачување на електричната енергија – се трите мерки кои стапуваат на сила од 1 јули. Граѓаните стравуваат дека ги чека неизвесно лето и нов вртоглав раст на цените на производите кои се неопходни за семејните трпези. Неизвесност има и околу новите цени на струјата. Иако надлежните уверуваат дека таа нема многу да поскапи, сепак, нивните укажувања дека тие што ќе трошат помалку ќе имаат и помали главоболки со сметките за струја – се доволен аларм дека ќе мора да се штеди. 

Што ќе донесат одмрзнатите маржи?

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Со Одлуката највисоката трговска маржа за лебот, шеќерот сончогледово масло за јадење се утврди во висина до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 проценти во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица, макарони и шпагети, ориз, млеко, јајца, урда, сирењекравјо бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт беше утврдена во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало. Но, од 1 јули ваквата мерка повеќе не е на сила, бидејќи според надлежните, долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени, може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

Тоа им дава одврзани раце на трговците повторно да ги вивнат цените.

Од Министерството за економија деновиве порачаа дека будно ќе се следи состојбата на терен и порачаа дека домашните цени треба и понатаму да се утврдуваат според пазарните цени. .Ако има потреба од продолжување на рокот, тоа ќе биде и направено. Тие апелираат до производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката.

Со оглед на тоа дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, надлежните сметаат дека домашните цени треба да продолжат да се утврдуваат според пазарни услови.

Каков ќе биде ефектот од зголеменото ДДВ?

Владата останува на одлуката за зголемување на ДДВ-то на сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи кое од 1 јули ќе се зголеми од 10 на 18 отсто.

Намалувањето на ДДВ-то беше една фаза во првичната енергетска криза со негово намалување од 18 на 5 отсто. Потоа тоа се зголеми на 10 отсто и враќањето на 18 проценти беше пролонгирано до јуни оваа година. „Сега има нова методологија од Регулаторната комисија за енергетика за обликот на кризата со која се мотивира штедењето на потрошувачката со воведување на четири блок тарифи“, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Тој на настан во канцеларијата на ЕУ, денеска изјави дека Владата ќе продолжи да ги субвенционира трошоците за производство и снабдување на електрична енергија, што е и еден вид на компензација за зголеменото оданочување.

струја
Владата останува на одлуката за зголемувањето на ДДВ-то на сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи кое од 1 јули ќе се зголеми од 10 на 18 отсто.

Со ваквата мерка неодамна изрази несогласување, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски кој рече дека е се уште рано за враќање на ДДВ-то на 18 проценти. Ова ќе се рефлектира врз новите пресметки на цените на електричната енергија. И покрај обидите да се амортизира ефектот, на сметките на просечните и големите потрошувачи ќе се почувствува зголеменото ДДВ за струјата. Враќањето на ДДВ на струјата од 10 на 18 отсто, ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка.

„РКЕ носи одлуки за цени и тарифи за електричната енергија без ДДВ. Во апсолутен износ ДДВ-то влијае 7 проценти. За едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти. Се обидовме да бидеме максимално креативни и да го ублажиме зголемувањето на ДДВ-то кое од 7,2 проценти го сведовме на 2,5 проценти како вкупен трошок“, рече Бислимоски на прес-конференција.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …