Калеска-Ванчева: СДСМ го поддржува Синдикатот и се бори за работничките права

Калеска-Ванчева: СДСМ го поддржува Синдикатот и се бори за работничките права

Изјава за медиуми на Снежана Калеска – Ванчева, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, пратеничката група на СДСМ и коалицијата оствари средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија. Средбата беше остварена на нивно барање на која што поразговаравме за три клучни барања коишто тие ги имаат и за коишто се залагаат. Всушност, можам да кажам дека ние како СДСМ заедно со коалицијата секогаш сме ги поддржувале и ќе ги поддржуваме работничките права.

СДСМ е прогресивна левичарска партија и во својата идеологија, во својата платформа основата е заштита на социјалните права и работнички права. Од таму сите барања коишто се испорачуваат од страна на работниците особено организирани преку репрезентативниот синдикат Сојузот на синдкати на Македонија се и те како легитимни. Дека е доказ оваа платформа, оваа идеологија којашто СДСМ и коалицијата во дело ја спроведува се и последните измени на Законот за работните односи или популарно наречен недела неработен ден.

Покрај сите опструкции коишто ги имавме од опозицијата и тука најмногу можам да кажам ВМРО-ДПМНЕ, успеавме со новото парламентарно мнозинство во петокот во второ читање да ги поминеме измените за Законот за работни односи и конечно да овозможиме од први јануари недела да биде неработен ден. Всушност, ова беше едно од клучните барања и веќе им соопштивме на средбата на претставниците на Синдикатот дека тие барања можат да сметаат дека се веќе исполнети. Она што се однесува до второто барање околу минималната плата и зголемувањето на минималната плата повторно ќе кажам дека и тука парламентарното мнозинство апсолутно ги разбира барањата и ги поддржува.

Дека е ова така говорат и политиките коишто оваа Влада и ова парламентарно мнозинство ги има и ги споведува последните четири години бидејќи минималната плата којашто долго време беше на ниво од 9.000 денари денеска е веќе над 15.000 денари. Нивното барање секако дека ќе биде разгледано, нивните предлози да тоа биде регуларано како процентуален износ од 60 проценти од просечната плата значи да го следи растот на просечната плата, ќе биде сериозно разгледано имајки ја во предвид определбата, платформата, но и програата на Владата за минималната плата до крајот на овој мандат да биде 20.000 денари.

Јас верувам дека ќе се изнајде едно оптимално решение но секако имајќи ги во предвид пред се потребите на работниците, социјалноекономскиот статус, но и она што значи енергетска криза, економска криза, пандемиска криза, сите овие аспекти ќе бидат земени во предвид и јас верувам силно како дел од парламентарното мнозинство дека ќе го изнајдиме вистинското решение.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Реакција на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски Ароганција е кога човек-партија одработува против своите …