Работниците излегоа на протест, бараат итно да се донесе Законот за недела да биде неработен ден

Работниците излегоа на протест, бараат итно да се донесе Законот за недела да биде неработен ден

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) попладнево излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) за да го изрази незадоволството од неизгласувањето на законското решение со кое недела треба да се прогласи за неработен ден, но и да потсетат дека бараат измена на Законот за минимална плата.

На протестот беше истакнато дека работниците бараат и потпишување на општ колективен договор за јавниот и за приватниот сектор од областа на стопанството.

Претставниците на ССМ, предводени од првиот синдикалец – претседателот на ССМ, Дарко Димовски, за време на протестот биле примени и во Собранието и во Владата каде што ги презентирале нивните барања.

Тие освен усвојување на Законот за работни односи со кој недела се прогласува за ден на неделен одмор, побарале и измена на Законот за минимална плата, со што ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, односно побарале истата да се зголеми на најмалку 18.000 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Како што соопшти Димовски на протестот, од пратеничката група составена од претставници на сите партии од владеачкото мнозинство, добиле гаранции дека Законот со кој недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците ќе биде ставен на пленарна седница и усвоен уште следната недела.

„Добивме уверување и ветување дека законот за недела како неработен ден ќе биде изгласан уште следната недела и ќе важи од 1 јануари. Што се однесува до минималната плата, и тоа предложено законско решение нема да го бојкотираат, само се плашат да не се стави некој амандман, бидејќи не сите пратеници го поддржаа покачувањето на платите, па така и на минималната. Но, ќе се истурка и тоа законско решение, барем до крајот на јануари“, кажа Димовски пред насобраните.

Од ССМ порачаа дека ќе продолжат со подготовките преку штрајкувачките одбори и во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу нив, Собранието, работодавачите и Владата, а доколу нема резултат, ќе повикаат на Генерален штрајк со што преку разни форми на изразување ќе го искажат работничкото незадоволство и ќе извршат синдикален притисок.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …