Кампањите се враќаат на голема врата во медиумите?

Кампањите се враќаат на голема врата во медиумите?

Поголема правна сигурност за кампањите од јавен интерес или повторување на грешките од минатото? Што ќе донесат измените во медиумските закони?

Кампањите од јавен интерес на централно и локално ниво се враќаат на голема врата во медиумите. На предлог на пратениците Коле Чаракчиев, Исмаил Јахоски, Арбана Пашоли, Диме Велковски и Марија Георгиевска, в среда на 91. седница на Собранието, меѓу другите точки, ќе се најдат и измените и дополнувања на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Целта на предлог-законот е воведување на начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување со цел на поголемо подигнување на јавната свест. Исто така, со овој предлог се предвидува и допрецизирање на одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Северна Македонија, се наведува во образложението на предлогот.  Во него се додава дека една од целите на законот е и обезбедување на транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиодифузен сервис и транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таа причина се јавува потребата на уредување на кампањите од јавен интереси на централно и на локално ниво, изборот на нивното идејно решение како и спроведување и финансирање на истите. Исто така се јавува потреба за дорегулирање на одредбите кои се однесуваат на операторите кои реемитуваат програмски сервиси.

Додека предлагачите сметаат дека со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавен интерес и нивното емитување, медиумската фела е загрижена, бидејќи смета дека измените на законите се носат на нетранспарентен начин, без јавна дебата и вклученост на сите чинители, а тоа е на штета на независноста на медиумите и јавниот интерес.

медиуми
Медиумската фела е загрижена, бидејќи смета дека измените на законите се носат на нетранспарентен начин, без јавна дебата

Нетранспарентни измени 

Претседателот на Здружението на регионални и локални медиуми „Медиум објектив“, Димитар Мицев на прес-конференција пред Собранието истакна дека постапката за предлог измените на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги се води на нетранспарентен начин без да се слушнат предлозите и барањата на медиумите.

„Повторен обид за нетранспарентно менување на медиумските закони, утре во второ читање е предлог законот за именување и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни услуги по скратена постапка. Како здружение сметаме дека носењето измени во медиумски закони е на штета на независноста на медиумите и јавниот интерес. Не е потребно да се носат штетни закони со тесни интереси, потребни се законски решенија за да се подобрат правата и статусот на новинарите и медиумските работници и треба да се неселективни и фер“, изјави Мицев.

Од Здружението бараат одложување на постапката за амандмани на овој закон, како и јавни дебати. „Сметаме дека поддршката на медиумите да биде со целосна  вклученост на сите страни и треба да биде водена од начелата на јавниот интерес, односно подобрување на состојбата на медиумите, професионално известување  преку уредувачките политики кои ќе бидат независни од политички, партиски или владини влијанија“, порача тој. Мицев вели дека пратениците не треба да преземаат избрзани чекори кои може да го вратат новинарството повторно на најниско ниво во меѓународните извештаи во однос на медиумските слободи

Измените влегуваат во собраниска процедура и покрај реакциите на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ); кои во повеќе наврати укажаа дека власта не смее да ја повтори грешката со платените кампањи во приватни медиуми.  Според нив, на овој начин се брише активната забрана за владино рекламирање во приватните медиуми и истовремено се предвидуваат огромни суми за радиодифузерите од буџетот на граѓаните и тоа не само на централно, туку и на локално ниво. Со законските измени е предвидено секоја година да се делат меѓу три и пол и четири милиони евра за кампањи од јавен интерес.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …