Поплавите по невремето во Скопје на 30 август не ја поплавија Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, туку предизвикаа дефект во дел од инсталациите, соопштија од Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ. Тие ги демантираат објавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за состојбата на оваа Јавна здравствена установа. Додаваат дека не е точно оти пациентите кои се згрижени на КАРИЛ се препраќани во други болници, туку испратено е соопштение додека не се санира дефектот новите пациенти да бидат згрижени во клинички болници кои се опремени за давање интензивна нега.
„Поплавите кои се случија пред неколку дена не ја поплавија КАРИЛ туку предзивикаа дефект во дел од инсталациите и заради безбедност на пациентите, неколку кревети се исклучени од употреба“, соопштија од клиниката. Тие појаснуваат дека еден кревет на КАРИЛ е поврзан со инсталации (кислород и други гасови како и електрично напојување за респиратор, монитори, аспиратори, перфузори..).
„Секоја од овие инстаналции е клучна за функционирање и лекување и токму затоа и при најмал дефект се први комплетна санација“, велат од КАРИЛ.
Повторуваат дека поплава на клиниката немало, туку само делумен дефект во делот на инсталациите поради што превентивно е намален бројот на кревети, а дефектот се санира.
„Пациентите кои беа на КАРИЛ не се препраќани во други болници, туку се згрижени во склоп на капацитетите на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ. Дадено е соопштение до други болници во наредниот период додека не се санира дефектот и не се овозможи непречено функционирање на сите кревети на КАРИЛ, нови пациентите да се праќаат во клничките болници ГОБ 8 Септември, Штип, Тетово и Битола кои се клинички болници и поседуват одделенија за интензивна нега оперемени со истата апартаура како КАРИЛ, со вработени анестезиолози со ист степен на образование и искуство како и лекарите од КАРИЛ. Овие болници и во секојдневната пракса примаат и лекуваат болни кои бараат интензивна нега. Значи дека во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот“, посочуваат оттаму.
Велат дека На КАРИЛ како и на сите останати клиники на ТОАРИЛУЦ редовно се земаат микробиолошки брисеви од страна на ИЈЗ. Тоа е нешто што е дел од секојдневната работа и нешто што како протокол секогаш се прави.