земјотрес

Катастрофален земјотрес во Мароко, загинаа 820 луѓе

Најмалку 820 луѓе загинаа во силниот земјотрес што синоќа го потресе Мароко, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи. Во соопштението од Министерството се наведува и дека во земјотресот има најмалку 330 повредени лица.

Националниот центар за научни и технички истражувања соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала и дека неговиот епицентар бил во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.

Освен во Маракеш, тресењето на земјата се почувствувало и во Рабат, Казабланка, Агадир и Есауира, предизвикувајќи паника кај населението.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

газа

Газа: Арапските земји не сакаат да преземат одговорност

Кога станува збор за политичката иднина на Појасот Газа по можното окончување на владеењето на …