кривичен суд

Катица Јанева одлучила да не ги изземе Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева донела одлука да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, пренесуваат медиумите сите повикувајќи се на неофицијални извори од СЈО. Писмената одлука на шефицата на СЈО денеска е испратена до скопскиот Кривичен суд.

Одлуката на Катица Јанева доаѓа откако утрово адвокатот на одбраната Еленко Миланов во предметот „Титаник 3“ побара изземање на обвинителите на СЈО од овој предмет и прекин на постапката. Адвокатот Миланов го оправда своето барање поради постоењето на конфронтација меѓу шефицата Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски. Адвокатот на одбраната образложи дека барањето е како последица на последните случувања во СЈО, кои довеле до изменување на состојбата од последната расправа до денеска.

Судот ќе ја соопшти конечната одлука во однос на изнесеното барање на одбраната во текот на попладневните часови.

Адвокатот Миладинов денеска побара изземање и на самата Катица Јанева од предметот „Титаник 3“, кој како предлог веднаш беше одбиен од судот.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои во обвинителниот акт се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир, на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

ДИК донесе упатство со кое на граѓаните им се укажува дека ако се одлучат да …