Манипулациите на „Ла Верита“ за „Рекет“ се шират и во Албанија

Манипулациите на „Ла Верита“ за „Рекет“ се шират и во Албанија

Албанскиот портал „Syri.net“ (про-опозициски, десничарски медиум) објави подолг напис за последните случувања во Северна Македонија, поврзани со случајот „Рекет“, поконкретно, со објавените видео снимки од италијанскиот весник “Ла Верита”, а кој содржи и ретроспектива на поважните политички случувања во земјава во последните години. Па, така, порталот се навраќа и на настаните во 2015 година, односно во периодот на објавувањето на т.н. “бомби” на тогашната опозициска СДСМ.

Во написот се вели дека објавените прислушувани разговори биле дело на германската канцеларка Ангела Меркел, снимени со помош на македонската филијала на „Дојче Телеком“ (се мисли на „Македонски Телеком“ каде што најголем акционер преку скалеста сопственост во унгарскиот „Маѓар Телеком“ е токму германскиот телекомуникациски концерн „Дојче Телеком“). Во него понатаму се вели дека прислушуваните разговори ѝ се дадени на опозициската СДСМ и тогашниот опозициски лидер Зоран Заев, за после да го изманипулираат за нивен интерес, без притоа, новинарот да се повика било каков посериозен извор или истражување каде би биле содржани докази и аргументи за вакви тешки обвинувања. Всушност, никаде во написот не се ни спомнува официјалната верзија за потеклото на прислушуваните разговори, дека т.н. „бомби“ на опозицијата се дело на тогашната УБК, а на опозицијата ѝ се дадени од внатрешни лица во МВР, како и дека веќе  има и обвинителен акт каде се прецизира како е направено прислушувањето.

Во продолжение на написот се вели и дека протестите за рушење на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ биле дело на Германија и Џорџ Сорос, како и дека нивниот план функционирал. Ни за ваквото тврдење медиумот не претстави ниту еден доказ, ниту пак релевантен извор за да се образложи ова обвинување.

Но, написот на завршува тука. Тој понатаму констатира дека уставните промени со кои се реши спорот за името со Република Грција, спроведени од Владата на премиерот Заев, се на штета на Северна Македонија, а во полза на Грција, без притоа да се аргументира таквото тврдење, а ни без да се спомнат резултатите на референдумот за уставните промени, гласањето во двата парламенти – и оној на Северна Македонија и ратификацијата во Грција, реакциите од договорот и придобивките од него. Едноставно, новинарот многу лесно, со само една реченица, констатира дека уставните промени биле штетни за земјата.

Овој конфузен напис, што повеќе личи на колумна напишана како серија на теории на заговор отколку на информативна вест од регионот, може да се констатира и големо влијание од ставовите на италијански весник “Ла Верита”. Всушност, некои од овие теории на заговор беа објавени токму од страна на овој весник заедно со видео снимките од случајот „Рекет“.

„Ла Верита“ важи за весник со релативно мал тираж за италијанскиот новински пазар кој ја поддржува популистичката партија Лига на италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини. Во написот може да се најдат многу невистини, непроверени информации и теории на заговор, кои авторот и редакцијата воопшто не се ни обиделе да ги аргументираат и од кои никако не смеело да се излезе со напис пред јавноста преполн со лаги и манипулации.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Почнува кампањата за парламентарните избори

Почнува кампањата за парламентарните избори

Од денеска, четврток 18 април, официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници. Во тек …