Кажете ни каде сме безбедни, прашаа активистките на протестот пред МВР

Кажете ни каде сме безбедни, прашаа активистките на протестот пред МВР

„Кажете ни каде сме безбедни, сегде има полицајци!“, „престанете да не малтретирате!“, „дали си го барам?“, „сигурност на секое место“, беа дел од пораките кои ги упатија активистките за заштита на правата на жените кои денеска се собраа на протест пред Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тие го организираа протестот на кој побараа одговорност од надлежните институции, бидејќи, како што кажаа, жените и девојките не се чувствуваат безбедно во своите градови, ниту на улиците, ниту во училниците, ниту во болниците, ниту во домот.

Овој протест е случи откако фотографии од безбедносна камера на кои се гледа напад врз жена во влез од стамбена зграда во Карпош ја згрозија јавноста. А, се случи по само неколку дена откако див таксист сексуално нападна девојка.

„Полициските службеници повторно се покажаа неспособни и недораснати кога станува збор за жртвите на родово базирано насилство. Последниот случај со пријава на сексуален напад, кој во медиумите стана познат како „дивиот таксист кој ѝ избега на полицијата” по илјадити пат укажа на истите недостатоци на институционална поддршка на жртвите кои пријавуваат родово засновано насилство. Овој случај е еден од многуте во кои видовме како системски и општествено се потфрла кога станува збор за безбедноста и благосостојбата на девојките и жените во земјата“, изјавија од групата феминистички активистки кои го организираа собирот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …