маркет цени леб

Казни во висина од 2,6 милиони денари за непочитувачи на замрзнатите цени

Над 600 надзори извршил Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на измината недела, при што констатирал низа неправилности, но издал и над 110 прекршочни платни налози во вредност од 2,6 милиони денари. Издадените казни биле по законите за трговија, за финансиска дисциплина, за заштита од пушење, за угостителска дејност, за туристичка дејност, за енергетика и други.

Од ДПИ информираа дека постапувале и по одлуките донесени од Владата, кои се однесуваат на замрзнување на цените на одредени производи, но и за обврската на увозниците и трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. Така, по овие одлуки минатата недела биле извршени над 170 надзори, а инспекторатот издал 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,1 милион денари.

„Како институција постапуваме во согласност со законите, а кај оние економски оператори доколку е констатирано прекршување и непочитување на било кој закон за кој како пазарен инспекторат сме надлежни, се санкционира без селективност. Целта не е само да ги казнуваме вршителите на трговска дејност, туку на тој начин да се изврши едукација, преку која нема повторно да ја направат грешката“, велат од Државниот пазарен инспекторат.

Од таму потсетуваат дека доколку граѓаните забележат одредена неправилност или сомнеж за измама кои се однесуваат на нив како потрошувачи, истото да го пријават во инспекторатот – по електронски пат на нивната интернет-страница или преку телефон на 02/3162-341.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Денеска преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските …