Кичеец беше на распит за „Рекет“, утре – Катица Јанева

Кичеец беше на распит за „Рекет“, утре – Катица Јанева

Второосомничениот во предметот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец денеска бил на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Тој утрово од затворот Шутка бил однесен во обвинителството. Зоран Милески – Кичеец се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.

На распит денеска била повикана и пензионерката Лилјана Тодоровска, која е потписничка на проектот за европски центар за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

На нејзина сметка леглале 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз и компанијата на Сиљан Мицковски, ГП „Пелистер“.

Утре на распит кај обвинителката Вилма Рускоска треба да се појави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Минатата недела за предметот „Рекет“ веќе дадоа исказ три други обвинители на СЈО – Бурим Рустеми, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Во првото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 после остварената двојна изборна победа, …