Средба на Претседателот Пендаровски со Јоханес Реи од фондацијата Конрад Аденауер

Средба на Претседателот Пендаровски со Јоханес Реи од фондацијата Конрад Аденауер

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со Јоханес Реи, раководител на претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер за Северна Македонија и за Косово.

На средбата се разговараше за тековните активности на фондацијата, којашто догодина ќе одбележи 20 години од работењето во Северна Македонија. Претседателот Пендаровски истакна дека од големо значење е поддршката којашто фондацијата и ја дава на Северна Македонија во нејзините аспирации за членство во Европската унија преку реализација на бројни проекти.

Претседателот Пендаровски изрази подготвеност за соработка со фондацијата во областа на политичкото образование, во духот на демократските вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност.

На денешната средба претседателот Пендаровски изрази очекување дека фондацијата Конрад Аденауер и во иднина ќе продолжи да дава свој придонес во функција на развојот на граѓанското општество во Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Во првото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 после остварената двојна изборна победа, …