Проектите во Босна ги крепат македонските градежници

Проектите во Босна ги крепат македонските градежници

Според податоците на Државниот завод за статистика, градежниците од земјава остануваат зависни од активностите што ги реализираат во Босна и Херцеговина, на што се должат и севкупните придвижувања во периодот јануари – јуни 2019 година.

Босанскиот пазар и во наредниот период ќе остане главниот странски пазар за македонските градежни компании. Според податоците на Државниот завод за статистика, градежниците од земјава остануваат зависни од активностите што ги реализираат во Босна и Херцеговина, на што се должат и севкупните придвижувања во периодот јануари – јуни 2019 година.

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првото полугодие од годинава изнесувала 3.993.844.000 денари, што е за 345,1% повеќе во споредба со идентичниот период лани. Притоа, само во Босна се договорени нови градежни работи во износ од 3.853.650.000 денари.

Од друга страна, во првите шест месеци значително опаднала сумата на извршени градежни работи во странство. Македонската градежна оператива во овој период извршила градежни работи во вредност од 76.725.000 денари, што е за 88,5% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Големиот пад на извршените градежни работи се должи на фактот што ниту еден проект не е реализиран од нашите градежници на босанскиот пазар во првото полугодие од 2019 година.

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …