Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Во првото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 после остварената двојна изборна победа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски, најави дека веднаш после формирањето на новата Влада државата ќе се задолжи со кредит во висина од една милијарда евра.

„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка Влада со Влада во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, рече Мицкоски.

Најавата за задолжување на државата доаѓа првиот ден после убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските и парламентарните избори, во чија предизборна кампања жестоко ја напаѓаше Владата на СДСМ дека со своите економски политики, ја презадолжила Македонија.

Прочитајте повеќе

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Наводната соработка доаѓа во многу деликатно време за односите меѓу САД и Русија, при што нуклеарните соперници …