Кина започна воени маневри околу Тајван

Кина започна воени маневри околу Тајван

Неколку дена по посетата на тајванската претседателка Тсаи Инг-вен на САД, Пекинг започна тридневни воени вежби.

Кина започна воени вежби околу Тајван кои треба да траат три дена. Вежбите се „предупредување“ до „сепаратистичките сили“ во Тајван, соопшти кинеската армија. За понеделник се планирани вежби со боева муниција на брегот на провинцијата Фуџијан. Владата во Тајпеј го обвини Пекинг дека ја загрозува регионалната безбедност. Вежбата доаѓа неколку дена по посетата на тајванската претседателка Тсаи Инг-вен на САД.

„Овие операции се сериозно предупредување поради интеракцијата меѓу сепаратистичките сили кои бараат ‘независност на Тајван’ и надворешните сили и нивните провокативни активности“, изјави портпарол на кинеската армија.

Според армиски наводи, „вежбата за борбена подготовка“ треба да трае до понеделник и да се одвива во Тајванскиот теснец, северно и јужно од островот, како и во водите и воздушниот простор источно од Тајван. Вежбите за стрелање, според локалните власти, ќе се одржат на или во близина на островот Пингтан, кој е најблиску до Тајван.

Авиони во зоната за воздушен надзор на Тајван

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека три кинески воени бродови и 13 воени авиони биле забележани околу островот во последните 24 часа. Четири авиони влегле во зоната за воздушно набљудување на Тајван (АДИЗ).

Тајпеј е под зголемен притисок од Пекинг. Од расколот меѓу Кина и Тајван во 1949 година, Пекинг го гледа островот како отцепена територија што сака да ја обедини со копното – доколку е потребно со воена сила.

Тајванската претседателка Тсаи во средата (5.04) во Калифорнија се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти. Средбата беше остро критикувана од Пекинг. Кина распореди носачи на авиони и воени бродови во водите околу Тајван.

Во август, кинеската армија ги одржа најголемите воени маневри во својата историја во водите околу островот како одговор на посетата на американската политичарка Ненси Пелоси на Тајван.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

„Мајорка не е на продажба“ - протести против туристите

„Мајорка не е на продажба“ – протести против туристите

Локалното население во повеќе места во Шпанија се чувствува сѐ повеќе преплавено од туристите. Масовниот …