Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

Во контекст на зголемените безбедносните ризици за Балканот, бугарскиот премиер Кирил Петков порача дека со влезот на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, регионот ќе биде постабилен.

Бугарскиот премиер Кирил Петков е оптимист дека Бугарија и Северна Македонија наскоро би можеле да постигнат договор за спорните прашања кои што се пречка на патот за интеграцијата во ЕУ. На заедничката прес-конференција во Софија со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, со премиерот на Романија – Николае Чука и црногорскиот колега, Здравко Кривокапиќ, тој најави дека има добри вести од работата на комисијата за историските прашања, како и за она што е постигнато на дел од билатералните средби меѓу министерствата, во рамки на работните групи коишто беа формирани меѓу двете земји.

„Сакам да пратам јасна порака до македонскиот и бугарскиот народ – со Димитар работиме многу координирано и со фокусирани распореди и временски рамки. Си поставивме неколку одредници кои мора да бидат остварени“, рече Петков.

Тој е дециден дека Северна Македонија припаѓа во семејството на Европската Унија. Бугарската Влада, според него, сака да се постигне резултат што поскоро, но неопходно е претходно да има постигне договор за неколку одреденици, меѓу кои е и заштитата на правата на малицинствата. Западен Балкан, според Петков, треба да биде што е можно постабилен, а тоа ќе се постигне со пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тој најави дека во наредниот период многу работи би можеле да се забрзаат.

„Некои работи кои беа тешки да се надминат, сега се гледа дека има различни можности за нивно надминување. Оптимистичен сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар многу скоро“, рече Петков, по состанокот во Софија на којшто се разговара за  предизвиците за регионалната безбедност во врска со руската воена инвазија на Украина.

Безбедносни ризици 

Премиерот Димитар Ковачевски од Софија порача дека одложувањето на процесот на проширување на ЕУ веќе станува безбедносна политика и создава дополнителна нестабилност во регионот.

„Северна Македонија соодветно се усогласи со надворешната и безбедноста политика на ЕУ, затоа што ние ги споделуваме истите вредности со ЕУ и со земјите од НАТО. Проширувањето на ЕУ станува безбедносна политика и застојот во овој процес создава дополнителна нестабилност за регионот и остава простор за влијание од трети страни“, вели Ковачевски.

Тој потенцираше дека одложувањето на пристапниот процес кон ЕУ за земјите од регионот создава дилеми што може да резултираат со намалување на довербата кај граѓаните во ЕУ. „Сепак, дури и со вакви предизвици Република Северна Македонија останува силно посветена на одржување на добрососедски односи и промовирање соработка меѓу земјите од нашиот регион“, додаде тој.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Во интерес на безбедноста на сите граѓани, а посебно за безбедно прославување на матурските и …