Колумна на Фатмир Битиќи: Што е и што треба да биде

Колумна на Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и потпретседател на СДСМ

Денеска е тешко да се најдат фактите и да се потврди вистината поради мноштвото на гласови кои не ретко се гласни и намерно дисперзирани и дистрибуирани, со цел да креираат гласен шум кој одекнува и не дава можност да се види поголемата слика.
Оние кои ме познаваа знаат дека сакам да зборувам конкретно и јасно и никогаш не се обидувам да ја претставам добрата слика, затоа што сум поборник за гледањето храбро во огледало, признавање на грешките, потврдување на добро сработеното и она што може да се поправи и секогаш фокусиран на работата и резултатие.

Ве поканувам во следните неколку реда надолу заедно со мене да поминеме токму низ една таква дијагностичка слика во огледало:

  • Веќе скоро две години е на сила законот „Недела неработен ден“, голем чекор напред за постигнување на социјална рамноправност и заштита на работничките права и заштита на семејните вредности
  • Во март ќе има ново усогласување на минималната плата како и пензиите и за прв пат од осамостојувањето ова нема да се користи за уцени при преговорите од ниедна страна, затоа што донесената измена гарантира задолжително усогласување и тоа усогласување ќе ја следи инфлацијата и цените за живот и очекуваме во март минималната плата да порасне до над 20.000 денари. Ова ќе донесе одржлив раст на минималната плата и на сите категории на плати, секако и на пензиите за достоинствен живот на нашите граѓани
  • После две децении успешно е спроведен попис како клучен фундамент преку кои ќе можеме да ги адресираме ралните предизвици на нашето општество во поширока смисла на зборот.
  • Превземаме конкретни чекори за  реструктурирање на економијата, повторно системски, преку поддршка на компаниите во инвестиции со додадена вредност, повисоко платени работни места,стимулативни мерки за рамномерен регионален  развој и истражување и развој со цел зголемување на нивната конкурентност и подготвеност за усогласување со единствениот пазар на ЕУ
  • После години запоставеност ја вративме вистинската позиција на Развојната банка која беше еден од главните стожери за справување со кризата а со докапитализацијата на Развојната банка направивме партнер во развојот и одржување на ликвидноста на компаниите, поддржувајќи во време на кризата но и во нивните развојни проекти преку преземање голем дел на финансискиот ризик. Во последните три години Банката пласираше речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти, а само во 2022 година се пласирани средства во износ од 107 милиони евра.
  • Осигуравме електрична енергија, осигуравме топлинска енергија за цел град Скопје, не дозволувајќи граѓаните да останат со студени радијатори. И она што е многу важно, им го олеснивме на сите граѓани товарот на скапата струја да не паден врз нив, туку ги субвенционираме. Секој граѓанин во државата, еден милион осумстотини триесет и шест илјади попишани наши сограѓани добиваат по 6.800 денари за 2022 година или по 21.000 по семејство субвенционирана струја
  • Од 1ви јануари оваа година повратот на ДДВ од мерката „МојДДВ“ се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице. Зголемувањето е од 1.800 денари на 2.100 денари
  • За минатата година имаме рекорден поврат на ДДВ кон компаниите од 727 милиони евра кои сега, за разлика од некое други времиња, се исплаќа автоматизирано без да постои било какво субјективно влијание. Дополнилно се исплаќа во 30-60 дена, по законски рок
  • Има уште но мислам дека е јасна сликата… системски, навремено, структурирано, кон зголемување на конкурентноста, зголемување на животниот стандард, со јасна предвидливост и стабилност, по регулативите на Европската Унија.

Што мораме да направиме

  • Да ги утврдиме заеднички нашите државни интереси и да работиме сите заедно кон нив засилено. Не смееме повеќе да си дозволиме бриши/препиши на приоритетите во зависност од лични убедувања на оние на функција. Затоа почнавме со креирање на Националната развојна стратегија, која ќе ја даде таа визија за следните 20 години и по неа ќе можеме да ги постигнеме заедничките цели, кои се од заеднички интерес.

А од неа ќе знаеме точно какво образование и работна сила ни треба, какво земјоделство имаме и како го поддржуваме, кои се гранките кои ни даваат најголема додадена вредност, енергетската транзиција и патот до неа… односно сите важни одлуки за развој кој мораме сите да ги имаме пред нас, за да заедно гледаме кон нив и работиме за нив.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, …