Колумна на украинската амбасадорка: 100 дена од херојскиот отпор на Украина

Колумна на украинската амбасадорка: 100 дена од херојскиот отпор на Украина

Во нејзината колумна по повод 100 дена од руската агресија, амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук во колумна за „Цивил Медија“ се осврнува на состојбата во оваа земја:

Војната од големи размери на Русија против Украина, која започна ноќта на 24 февруари 2022 година, не само што му ја покажа на светот силната украинска нација, туку и ги отвори очите за крвавиот путински режим.

На 3 јуни навршуваат 100 дена од почетокот на војната. Овие 100 дена, украинските војници, волонтери, лекари и цивили ѝ даваат силен отпор на руската инвазија. Страшно е, но веќе 100 дена русите крадат, убиваат цивили, силуваат жени и деца, уништуваат украински градови и села.

Денес, целиот цивилизиран свет стои рамо до рамо со украинскиот народ. Ние особено многу ја цениме помошта од пријателската Северна Македонија.

Украинските херојски бранители го запреа напредувањето на окупаторите и го истераа непријателот од северната насока, ги исчистија Кијивската, Чернигивската и Сумската област. Сега русија ги насочи своите напори на источна и јужна Украина, при што русите сè уште имаат за цел да ги поразат и „денацифицираат“ Украинците. ДЕНАЦИФИЦИРААТ, односно, да го уништат украинскиот народ, да го лишат народот од сопствената нација, да извршат геноцид врз Украинците.

Во првите денови постојано се прашувавме како е можно во XXI век, во ерата на глобализацијата, дигитализацијата, отворањето на новиот вселенски простор, да се наметнува својата волја преку брутална војна, преку уништување. А сега ние, Украинците, обединето и храбро се бориме за Украина, за Европа, за демократијата и правото да ја избереме сопствената иднина.

Што постигнаа русите и путинскиот режим во оваа војна против слободна и демократска држава?

  • Покрај бројните убиства на мирното украинско население, беа убиени и повеќе од 30.000 руски напаѓачи.
  • Покрај изолацијата и санкциите кои ги чинат милијарди, повеќе од 200 странски компании го напуштија рускиот пазар.
  • Покрај омразата кон русија од целиот свет, две неутрални држави веќе поднесоа барање за влез во НАТО.

Целиот свет сега се соочува со само едно прашање – како да се заштитиме од лудиот путински режим? Украина го покренува ова прашање во последните 8 години, од окупацијата на Крим и одделни области на Донецката и Луганската област. Украина се обиде да не дојде до ова, но сега имаме само една цел – да победиме.

За да го направиме тоа, нам сè уште ни треба поддршка од сојузниците и пријателите, ни треба оружје со кое што ќе ја заштитуваме не само нашата земја, туку и целиот свет од тиранската руска политика.

Во овие мрачни времиња за светската историја, мораме да бидеме обединети, силни и паметни. Заедно задолжително ќе победиме.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …