КОМПЛЕКСЕН ПРЕДИЗВИК ЗА РЕШАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО БИТОЛА
dav

КОМПЛЕКСЕН ПРЕДИЗВИК ЗА РЕШАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО БИТОЛА

Рeшавањето на сообраќајните проблеми во градот е комплексен процес во кој треба да бидат вклучени сите релевантни фактори, со цел да се изнајдат решенија, функционални за жителите на Битола. Ова е еден од заклучоците искажани во рамките на третата сесија од реализацијата на проектот „Поддршка на локалните самоуправи во процесот на планирање на одржливата урбана мобилност“.

Пред присутните беа презентирани досегашните активности во насока на подготовката на Планот за одржлива урбана мобилност на Битола. Уште на самиот почеток од страна на проектниот координатор и претседател на ОСБСП – Битола проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, беше посочено дека постои расчекор помеѓу проектната документација и конкретната изведба на терен. Исто така, беа претставени и конкретните предвидени сообраќајни решенија за најфреквентните улици во градот.

Градоначалничката Наташа Петровска истакна дека една од приоритетните активности која што мора да се преземе за понааму да се решаваат конкретните проблеми е промена на категоризацијата на улиците.

„Ако тоа успееме да го направиме, тогаш дефинитивно ќе имплементираме на терен ситуации кои што краткорочно гледано, ќе решат сериозни проблеми кај граѓаните. Конкретно, во градот има улици, како што е поранешната Иван Милутиновиќ, каде што проширените делови од улицата служат за паркирање на возилата за некој да си купи кифла, или да си земе нешто од пазарот итн. Секојдневно полицијата се справува со ваквата состојба. Замислете да не се така узурпирани, па од лева и од десна страна да постојат велосипедски патеки. Треба да се размислува и за користење на обиколницата доколку се транзитира низ Битола, патувајќи кон Грција, без да се оптеретуваат улиците во градот, на кои постојат и училишта. Проблемите не се однесуваат само на возилата, туку и на обележувањето, за да знаеме каде да ставиме соодветни потребни знаци“, рече Петровска.

На средбата со свои предлози и дискусии се вклучија голем број присутни лица, по однос на решенија за улиците Васко Карангелевски, Партизанска, 8 Септември итн. Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина, заедно со проф. Буневска Талевска веќе се во напредна фаза на изработка на планот со конкретни решенија и понуди.

На денешната сесија учествуваа претставници од ЗЕЛС, од градот Скопје, советниците во Советот на Општина Битола, СВР Битола, секторските одделенија од Општина Битола, како и претставници од невладиниот сектор.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …