Промовиран Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата

Промовиран Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска на редовната прес-конференција на која портпаролот Муамет Хоџа информираше за одлуките донесени на 150-тата седница на Владата, го промовираше Етичкиот кодекс за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење на членовите на Владата на Република Северна Македонија, замениците на министрите и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Кодексот, како што информираше министерот Поповски  произлегува од насоките за добро управување кои биле подготвени во сеопфатна консултација со граѓанскиот сектор, академската заедница, стручната јавност и јавната администрација. Тој додаде дека Кодексот значи и реализација на препораките од петтиот круг на евалуација на ГРЕКО, којшто се однесуваат на спречување на корупцијата и криминалот, како и промовирање на интегритет кај централната власт, кај највисоките извршни функции и органите за спроведување на законот.

Истакнувајќи дека актуелната Влада е трајно посветена и не отстапува од  принципите на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење како сервис и во интерес на потребите на граѓаните и јавноста, министерот Поповски подвлече дека како потврда за тоа на вчерашната седница е усвоен Кодексот за етичко однесување за членовите на владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата.

„Прифаќањето на Кодексот всушност значи преземање обврска  на носителите на јавни функции постојано да се придржуваат на принципите на добро и одговорно управување на највисоко политичко ниво. Република Северна Македонија е на вистинскиот пат за воспоставување на општество во кое владеат највисоки морални вредности. Затоа отпорот е толку голем и паничен и доаѓа од различни центри“, рече министерот Поповски истакнувајќи дека однесувањето на избраните и именувани лица согласно постулатите на правната држава и највисоките морални вредности и принципи е нивен долг и обврска кон граѓаните.

Министерот Поповски оцени дека за успешна реализација на одредбите од Кодексот, од суштинско значење е активниот придонес и вклучување на сите граѓани за алармирање за појави и однесувања на носителите на јавни функции, кои се спротивни на законските и морални принципи на однесување.

Министерот Поповски посочи дека Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата ќе биде објавен на Интернет страницата на Владата на Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …