Концерт на „Монистра“ кај прилепскиот Градски саат

Концерт на „Монистра“ кај прилепскиот Градски саат

Утре, четврток 16 август со почеток во 20.30 часот, на просторот околу Градскиот саат целовечерен концерт ќе одржи етно составот „Монистра“.

Етно составот го сочинуваат Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, Габриела Јанушеска – вокал, Филип Николовски – тамбура, Јован Стрезовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски, Дамјан Зифовски – ударни инструменти.

Целта на етно составот „Монистра“ е изучување, негување, чување и презентирање на најубавиот дел од културното наследство на Македонија – македoнската изворна музика. Почетоците на групата датираат од 1992 година, кога членовите на составот стануваат дел од КУД „Цветан Димов“ од Скопје. Сите се музички образовани, а нaстапувале и на Фестивалот на изворни инструменти н песни „Пеце Атанасовски“.

На концертот во Прилеп, етно составот „Монистра“ ќе исполни изворни народни песни, ќе отсвири виртуозни ора и ќе го претстави својот специфичен музички израз, кој досега го промовирале на бројни музички манифестации и фестивали низ Македонија и во странство.

Концертот е организиран со поддршка на Министерството за култура.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …