Владата го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски

Владата го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски

На предлог на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната седница Владата на Република Македонија донесе одлука да го разреши Лазо Велковски од позицијата директор на Бирото за јавна безбедност.

Владата го разгледа извештајот за текот на имплементација на Планот за гаранција за млади – пилот фаза за 2018 година.

Во досегашниот период на имплементација на младинската гаранција во 3 општини, почнувајќи од Март, 2018, остварени се следните резултати: Вкупен број на вклучени млади: 1.770, од нив 855 женски и 915 машки.

Од нив веќе се вработени 518, а останатите се вклучени во други мерки како практиканство, обука на работно место, обуки за побарувани занимања на пазарот на труд, обуки за напредни ИТ вештини.

Република Македонија е единствената земја во регионот, која не е членка на Европската Унија, а започна со имплементирање на програмата „Гаранција за млади“, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе; Во земјите членки на ЕУ оваа програма успешно се имплементира од 2012 година. Партнер во имплементацијата е Националниот младински совет .

Министрите на седницата ги прифатија предлог – измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2018 -та година. Со овие измени, по 2 денари субвенција за килограм, ќе добијат регистрираните откупувачи и трговците кои до 15 септември годинава ќе откупат индустриски сливи за најмалку пет денари или свежи сливи по минимум осум денари.

Владата исто така, ги разгледа и ги прифати извештајот за преземени мерки и активности за 2017-та година, како и оперативниот план за 2018-та година за спроведување на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година.

Владата го задолжи Национално Координативно тело за следење и евалуација на имплементацијата на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година, да обезбедува механизми за координација на регулирањето и практикувањето на политиките кои што директно или индиректно ги засегаат старите лица, со цел поедноставување на акциите и мерките во одделни сектори и на одделни нивоа.

На редовната 83-та седница Владата на Република Македонија донесе и одлука да  спроведе кампања од јавен интерес за референдумот.

Исто така, Владата ги задолжи сите министерства и другите органи на државната управа, во рок од 3 дена до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на располагање, а кои би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …