Концерт на Пијано дуо во прилепскиот Центар за култура

Концерт на Пијано дуо во прилепскиот Центар за култура

Во петок, 23 август со почеток во 19.30 часот, во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, концерт ќе одржи Пијано дуо, во состав Билјана Димовска и Татјана Божиновска.

Пијано дуо функционира повеќе години и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата, и тоа во Битола, Ресен, Охрид, Скопје, на фестивалите: „Интерфест“, „Битфест“, „Златна лира“, а во 2013 година го снимаат и своето прво ЦД.

На концертот во Прилеп насловен како „Вечер на романтизам“, Пијано дуо ќе се претстави со следната програма:

  1. F. Schubert– Phantasie in f-moll оп.103
  2. F. Chopin– Variations in D-dur
  3. M. Tajcevic / B. Svetiev– Sedam balkanskih igara
  4. C. Saint-Saëns– Danse Macabre

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …