Ковачевски: Функционирањето на партијата мора да се темели врз принципите и вредностите на социјалдемократската идеологија

Ковачевски: Функционирањето на партијата мора да се темели врз принципите и вредностите на социјалдемократската идеологија

Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва пред раководствата на општинските организации на СДСМ од Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени, ја претстави својата програма насловена како „Заедно! Одговорно и посветено“.

Образложувајќи ги принципите и вредностите врз кои мора да се темели идното функционирање на партијата, Ковачевски ја потенцираше неопходноста од грижа  за секој партиски активист, како и потребата од слушање и уважување на гласот на секој член, независно каде се наоѓа во партиската хиерархија.

Тој ја истакна потребата од повторното заживување на Месните одбори, како и подобрување на работата на нефункционалните партиски комисии во кои треба да биде вклучен целиот човечки потенцијал со кој располага партијата, но и надворешни експерти блиски до социјалдемократската идеја.

Ковачевски напомена дека ќе инсистира кон целосна примена на социјалдемократската идеологија и социјалдемократските вредности, кои подразбираат грижа за работниците. Во таа насока, тој рече дека го поддржува најавениот протест на синдикатите, кој треба да се одржи истиот ден, недела 12 декември, кога СДСМ ќе гласа за новиот партиски лидер.

Пред членовите на четирите општински организации од Пелагонискиот регион, свое обраќање имаше и долгогодишниот активист и висок партиски функционер Миле Зечевиќ кој, доколку во недела Ковачевски биде избран за претседател на СДСМ, ќе биде назначен за Генерален секретар на најголемата владејачка партија.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …