Крушево: Нов грант од 700.000 евра за активен туризам

Крушево: Нов грант од 700.000 евра за активен туризам

Општина Крушево доби грант од над 700.000 евра во рамки на прекуграничната соработка со Албанија. Крушево, општина Елбасан, Албанија и неколку организации, преку овој проект ќе работат на промоција и одржливост на туризмот со имплементација на неколку инфраструктурни зафати и други активности.

Во рамки на проектот Општина Крушево ќе изгради паркинг до самото полетувалиште, како и хортикултурно уредување на просторот. Ова е реализација на уште едно барање на параглајдеристите кое ќе се комплетира по поставувањето на новата вештачка трева и изградба на објект.

На полетувалиштето ќе бидат поставени и две станици кои ќе го мерат квалитетот на воздухот, брзината и насоката на ветрот.

Во остантите активности кои ќе се реализираат спаѓаат:

  1. „Даунхил“ патека која ќе овозможи одржување на натпревари во планински велосипедизам на високо професионално ниво;
  2. Поставување на 200 ЛЕД светилки на Крушево, поконкретно во околината на објектите од областа на културата;
  3. Низа промотивни активности кои ќе ги промовираат двете страни како атрактивни туристички дестинации;
  4. Обуки и надградување на капацитети на угостителскиот сектор.

„Продолжуваме со инвестирање во туризмот. Градиме инфраструктура и меѓународно го промовираме Крушево. Изминатите месеци интензивно работевме на проектот за прекугранична соработка со Албанија и успеавме да го добиеме грантот. Крушево има иднина во туризмот“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Добиениот грант е дел од „Прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија – Република Албанија Инструмент за пред пристапна поддрша (ИПА 2) – 2018 2020“.

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …