Ковачевски: Коалицијата за европска иднина ќе ја формира следната проевропска Влада на Македонија

Ковачевски: Коалицијата за европска иднина ќе ја формира следната проевропска Влада на Македонија

„Коалицијата за европска иднина ќе има мнозинство во Собранието и повторно ќе ја формираме проевропската Влада на Македонија, а Стево Пендаровски ќе биде избран за Претседател на Македонија. Тоа се потврди и на вчерашната Конвенција во салата Борис Трајковски на која присуствуваа голем број граѓани“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски говорејќи на дебатната емисија „Дуел за Македонија“.

„Во парламентарна демократија мнозинство формираат партии коишто имаат иста платформа и прават предизборна или постизборна коалиција. Јас сум убеден дека и по претстојните парламентарни избори, СДСМ повторно ќе ја предводи Владата која ќе ја внесе државата во Европската Унија“, рече Ковачевски.

Тој порача дека не отстапува од европската иднина на Македонија, бидејќи токму тоа е она што е најважно за државата.

„Јас го покажав тоа и на дело во 2022 година кога на ВМРО ДПМНЕ им кажав: ‘Повелете половина од министерските места што ги има СДСМ. Ќе бидат ваши за заедно да ги донесеме одлуките, бидејќи тоа е врвен приоритет за Македонија’. Но, тие прво прифатија, а потоа одбија. Затоа граѓаните и на 24 април и на 8 мај ќе знаат да одлучат дека само со СДСМ и Коалицијата за европска иднина може да имаат јасен план за коренити реформи и промени во државата, кои ќе бидат поддржани од ЕУ во рамки на преговарачкиот процес“, изјави претседателот на СДСМ.

„Ние имаме конкретен план како Македонија да стане земја членка на ЕУ, кај ВМРО има само неодлучност. Република Северна Македонија успешно го заврши билатералниот скрининг со Европската Унија. Таму јасно стои дека тоа е така и овој параграф е најкраткиот што Македонија некогаш го имала во Брисел. Сега останува да ја заврши својата обврска за уставните измени и да ги отвори поглавјата. Ние тогаш имавме пенал, но не го шутиравме затоа што немаше одлучност кај ВМРО ДПМНЕ, Левица и уште неколку партии да ги гласаат уставните измени во Собранието. Затоа велам дека ние имаме план. Кој е планот на Мицкоски? Тоа е клучното прашање – дали има план?, праша претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на синоќешниот „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.

Прочитајте повеќе

Изјава за медиуми, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Талевски: Се остварува сомнежот дека на ДПМНЕ и’ одговараат тензиите за да ги избегнат темите за кои ги лажеа граѓаните

„СДСМ ги осудува настаните кои се случија на Денот на албанското знаме, но она што …