Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции по бегството од Идризово

Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции по бегството од Идризово

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски откако избега осуденик од затворот во Идризово. Ковачевски денешната прес-конференција во Владата рече дека е незадоволен од работата на Спасовски и затоа ќе бара негова замена.

„Веќе отпочнав процес на селекција на нов директор на Управата за извршување на санкции“, рече Ковачевски.

Во однос на директорот на затворот Идризово, Ковачевски кажа само дека тој е назначен од пред неколку месеци и промената била направена врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во делот на управувањето на затворски систем и на финансиски институции кои финансираат унапредување на затворскиот систем на државата.

Од Министерството за правда денеска соопштија дека Управата за извршување на санкциите на 13 јануари спровела вонреден стручен надзор во затворот Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до бегството на осуденото лице Беким Мемети.

Од управата нотирале два пропусти, односно дека одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, по предлог на командирот било сместено на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција.

36 годишниот тетовчанец побегна кога бил превезуван со полициско комбе од затворот Идризово кон Ургентниот центар „Мајка Тераза“ при што го украл пиштолот на еден од полицајците и пукал кон него. Мемети бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за трговија со дрога.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …