Ковачевски: Неотворањето на преговорите со ЕУ нема да биде пораз за Северна Македонија, туку пораз за ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Канал 5 истакна дека неотворањето на преговорите со ЕУ нема да биде пораз за Северна Македонија, туку пораз за ЕУ.

„Тоа е пораз за ЕУ. Сметам дека е така затоа што неотворањето на преговорите ќе значи намалување на релевантноста на ЕУ, ќе значи зголемување на евроскептицизмот, ќе значи намалување на посветеноста на самите граѓаните кон процесот. Да не заборавиме ние имаме направено голем број на жртви, голем број на тешки одлуки за да ја оствариме таа цел“, потенцираше премиерот Ковачевски.

Ковачевски додаде дека нема отстапување од целта членство во ЕУ како стратешката определба бидејќи тоа е определба и на доминантниот дел на населението  во земјата и нагласи дека тој останува рационален оптимист и посветен таа цел на државата и на граѓаните да се оствари.

Претседателот на Владата Ковачевски уште дополни дека од аспект на геополитичкиот момент кој што се случува во Европа, особено со војната во Украина, проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само политичко и економско, туку и безбедносно прашање особено заради фактот што од замрзнати конфликти и отворени прашања, секогаш интерес имаат трети страни коишто немаат интерес овој регион да биде интегриран во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Бочварски: Инвестираме 20 милиони евра за изградба на патниот правец Извор – Гарски Мост, ги поврзуваме Дебар и Кичево

Претседателот на Владата, Талат Џафери, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот за …