Ковачевски: Отворени се нови можности за економијата и членството во ЕУ, повикувам на обединување и паметни одлуки!

Ковачевски: Отворени се нови можности за економијата и членството во ЕУ, повикувам на обединување и паметни одлуки!

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се обрати на годишната конференција „Година на нови можности“, што се одржува денеска и утре во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Конференцијата се одржува со цел констатирање на резултатите од работата на Владата во изминатата година и на предизвиците и перспективите на општествено-политички план, во претстојната година.

Во обраќањето, премиерот Ковачевски посочи дека во 2022 година, Владата се посвети на двата важни правци за граѓаните и за државава, економијата и европските интерации и паралелно ги решаваше предизвиците од глобалната економско-енергетска криза.

Притоа, направени се значајни постигнувања, коишто отворија нови можности за крупни исчекори на двата плана во 2023 година, за што премиерот Ковачевски повика на општествено и политичко обединување.

„Ние почитувани граѓани, сите ние, не смееме, не можеме и не треба да губиме повеќе време за порази и стоење во место! Ни мораме, ние сакаме и нужно е да работиме на секојдневни победи, оптимизам, разум, позитивни очекувања! И за денес , и за утре! И затоа, нашата државна и национална  победа, почитувани граѓани, зависи само од нас.

Ја разбирам претпазливоста и сомнежите.

И јас имам семејство, кое живее тука и си ја сакам родната земја.

Но, не можам и нема да прифатам некој политички да профитира на сметка на перспективите на граѓаните и на државата. Реков, најголем дел во оваа година бев меѓу вас, граѓаните – и ги слушам вашите потреби. Тоа не се постојани предвремени избори, не се политички надмудрувања, не се блокади во парламентот, тоа не е живот во грч и кризи, во песимизам и очајување! Не, никако !

Тие бараат, нашите граѓани,  вистински и оправдани очекувања за унапредување на квалитетот на живот – тука, дома, во нашата земја. Граѓаните сакаат стабилност, сакаат ред и поредок, сакаат прогрес и решенија, сакаат реален подобар живот!

Тоа е остварливо. Република Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат, со потребните реформи во сите области и ќе биде рамноправна членка на Европската Унија. Тоа е веќе неповратен процес.

Прашање на време и нас е кога тоа ќе се случи. Ние велиме, побрзо, подобро, заедно! Големите постигнувања, бараат големи одлуки.

И затоа, повикувам, да се обединиме околу новите можности што ги носи 2023-та година“, истакна, меѓу другото, премиерот Ковачевски во своето обраќање.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …