Ковачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме општество еднакво за сите

Ковачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме општество еднакво за сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

„На сите припадници на исламската вероисповед во нашата земја, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.

Во овие празнични денови, ви посакувам искрени желби за радост, спокој, благосостојба и духовна сила.

Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит, солидарност и разбирање.Токму врз овие вредности, ние заедно го градиме нашето општество кое е еднакво за сите и токму со оваа наша посебност ја интегрираме државата во големото европско семејство на народи и држави”, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе го поддржи најавениот протестен …