Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и организациониот секретар на СДСМ, Митко  Трајчулески, во Собранието на Република Северна Македонија, остварија средба со делегацијата на Aд-хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.

На средбата, се разговараше за подготовките и позициите на политичките партии за претстојните  претседателски и парламентарни избори во државата. Претседателот Ковачевски пред делегацијата на Aд-хок Комисијата, ги презентираше позициите, ставовите и основните столбови на изборната програма на СДСМ претстојните избори.

Ковачевски пред делегацијата на Комисијата, потенцираше дека на овие избори постојат два концепта. Првиот концепт е патот кон интеграција на државата, подобар животен стандард, подобри и поголеми плати и пензии за сите граѓани, економски развој, безбедност и стабилност, кој всушност преставува продолжување на политиките што СДСМ ги спроведува во изминатите седум години. Другиот концепт, е сосема спротивен и е пат на враќање назад на државата, изолација, стагнација, влошување на билатералните односи.

На средбата, Ковачевски посочи дека Владата предводена од СДСМ покажа јасна посветеност и донесе тешки и храбри одлуки, кои резултираа позитивно врз државата. Северна Македонија стана членка на НАТО, по 17 години чекање се отворија пристапните преговори со Европската Унија, а паралелно се затворија речиси сите отворени прашања со нашите соседи. Сето тоа се случи за кратки 5 години од владеењето на СДСМ и тоа во време на две тешки кризи – ковид пандемијата и енергетската криза.  Притоа, Ковачевски ги презентираше сите мерки што Владата ги презема во изминатите 7 години, кои придонесоа за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните во време на криза, зголемување на платите и пензиите, успешно менаџирање со снабдувањето на струја и парно, намалување на невработеноста, пораст на инвестициите.

Во однос на изборната програма на СДСМ, Ковачевски потенцираше дека таа преставува продолжение на сите позитивни резултати што досега се постигнаа и се заснова на 10 столба:  Европски плати и животен стандард, Достоинствен живот за пензионерите, Поддршка за младите, Силна домашна економија, Современа европска инфраструктура, Европско земјоделство, Европско образование, Чиста енергија и поевтина електрична енергија, Повеќе фондови од ЕУ за македонската економија, Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година.

По завршувањето на изборите, доколку СДСМ ја формира новата Влада, тоа ќе значи  продолжување на патот кон ЕУ,  подобар европски животен стандард за граѓаните, економски развој, унапредување на демократијата, слободите, социјалната вклученост, рече Ковачевски. Тој додаде дека Владата на СДСМ ќе продолжи да ги спроведува реформите кои ќе обезбедат владеење на правото и добро владеење, транспарентни, одговорни и инклузивни институции и креирање политики, приближување и усогласување на националните политики и закони со оние на правото на ЕУ. СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Изјава за медиуми, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Талевски: Се остварува сомнежот дека на ДПМНЕ и’ одговараат тензиите за да ги избегнат темите за кои ги лажеа граѓаните

„СДСМ ги осудува настаните кои се случија на Денот на албанското знаме, но она што …