Ковачевски - Шолц: Јасната одлука за почеток на преговорите за Северна Македонија, е од стратешко значење за ЕУ

Ковачевски – Шолц: Јасната одлука за почеток на преговорите за Северна Македонија, е од стратешко значење за ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц во рамките на неговата официјална посета на нашата земја, имаа тет-а-тет средба на којашто разговараа за најважните прашања од приоритет за односите на двете земји, како и за теми од заеднички интерес поврзани со проширувањето на ЕУ, регионалната соработка и актуелната состојба со војната во Украина.

На средбата беше заеднички констатирано дека односите и соработката меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија се базираат на многу интензивен политички дијалог и имаат значајна динамика на соработка во сите области.

Двајцата соговорници споделија дека СР Германија останува еден од клучните политички партнери на Северна Македонија и значаен сојузник и поддржувач во процесот на европските интеграции на нашата земја, кој дополнително беше охрабруван и поттикнуван и низ повеќе регионални проекти, како Берлинскиот процес за исполнувањето на препораките на ЕУ и неопходните реформи од европската агенда.

За време на разговорот беше истакнато дека во пресрет на јунскиот самит на ЕУ под претседателство на Франција, од Брисел се очекува јасна порака и чекор за деблокирање на процесот за проширување со почеток на преговорите за Република Северна Македонија, како земја којашто ги исполни сите критериуми и услови, и како стратешка одлука од безбедносно значење за Европа.

Сојузна Република Германија, беше речено на средбата Ковачевски – Шолц, останува на определбата да биде најзначајниот трговски партнер на нашата земја што е потврдено со најголемиот број германски компании присутни во Северна Македонија во кои работат повеќе од 20.000 македонски граѓани.

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …