Ковачевски - Шоле: Стратешкото партнерство со САД продолжува со силна поддршка за остварување на нашите стратешки цели

Ковачевски – Шоле: Стратешкото партнерство со САД продолжува со силна поддршка за остварување на нашите стратешки цели

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, синоќа оствари телефонски разговор со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

На телефонскиот разговор учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

Разговорот беше со фокус на стратешкото партнерство на Северна Македонија и САД и идната соработка и поддршка која ја имаме во насока на остварувањето на нашите стратешки цели. Се разговараше и на повеќе теми како што е справувањето на Владата со енергетската криза но и за инфраструктурните и енергетски проекти за кои Северна Македонија ќе има силна поддршка од САД.

Меѓу останатото, тема на разговорот беше и развојот на Северна Македонија во делот на борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото.

На разговорот беше изразено взаемно задоволство од текот на скрининг процесот, а се разговараше и за забрзаната евроинтеграција на земјата како приоритетна стратешка цел на Северна Македонија, а со фокус на реформските процеси кои се случуваат како резултат на истата.

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии буџет долг Долговите

Буџетот на ПИОМ за 2025 година тежи речиси 2,3 милијарди евра (АНАЛИЗA)

Само за алиментирање на „социјалните бенефиции“ со кои се опфатени и пензиите, во 2025 година …