Ковачевски – Столтенберг: Обединети и силни заедно во НАТО, Северна Македонија е фактор на стабилност

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, попладнево имаше телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Разговарано е за повеќе актуелни прашања од важност за регионот и во геополитички контекст.

Истакнато е силното единството на државите сојузнички во Алијансата, во функција на мирот, по предизвиците од бруталната воената агресија на Русија врз Украина.

При тоа е поздравена ефективната поставеност на Република Северна Македонија на линија на поставеноста на НАТО партнерите и на заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, како и обезбедувањето на потребната поддршка за Украина.

Во разговорот е посочено и на важноста од заеднички пристап во справувањето со хибридните закани и дезинформациите како предизвици по стабилноста и безбедноста.

За аспектите на прашањата за коишто разговараа денеска премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, како што е посочено, се очекува да се разговара и на претстојниот јулски Самит на НАТО во Вилнус, Литванија.

Прочитајте повеќе

Утревечер во Прилеп започнува 57. МТФ „Војдан Чернодрински“

Театарот му се врати на градот Прилеп во 57. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан …