Ковачевски: Во ДПМНЕ нема никакви промени, тоа е истата партија од минатото

Ковачевски: Во ДПМНЕ нема никакви промени, тоа е истата партија од минатото

  • Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија од минатото, не се поместени ниту милиметар, немаат програма, немаат политичка понуда, нема идеја, став – рече синоќа претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во скопска Кисела Вода, на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ.
  • Ги гледаме нивните градоначалници, за 2 години ниту еден проект не реализираа. Гледаме каков хаос се случува во Скопје. Не само што нема капитални проекти, не само што нема развој, нема елементарен градски превоз. Јас често одам во Кисела Вода. Вие имате можеби во јавноста најактивен градоначалник. Тој цел ден има објави на фејсбук, она што го видов е дека работи и во сабота, но не видов ништо сработенo. Истите дупки по улиците, истата неискосена трева, истата неичистени и улици. Истите преполни контејнери, истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ се осврна и на случајот во Ѓорче Петров, општина раководена исто така од ДПМНЕ.

  • Гледајте го Ѓорче Петров: малку биле 15 спратови, 20 ќе правеле. Па не една, ами 2-3 згради, па да биде комплет – две хемиски фабрики. Ама кај е проблемот, тука заседава Советот. Советниците од Левица, знаете кај биле “борците“ за правда кога се одлучувало? Дома биле. Затоа ви кажувам, тоа се едни најобични популисти, едни лажови од светски калибар. Затоа е едноставен изборот. Или држава со европски стандарди – или држава во изолација, со контролирани медиуми на кои ќе гледате само тоа што ви сервираат од штабови на ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ковачевски: Во ДПМНЕ нема никакви промени, тоа е истата партија од минатото

Ковачевски: Во ДПМНЕ нема никакви промени, тоа е истата партија од минатото

Ковачевски: Во ДПМНЕ нема никакви промени, тоа е истата партија од минатото

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …