Ковачевски во работна посета на Брисел на Самитот ЕУ – Западен Балкан

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, е во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе учествува на Самитот Европска Унија-Западен Балкан.

Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски е вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Домаќин на Самитот е претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Покрај премиерот Ковачевски, на Самитот ќе учествуваат лидерите и шефови на Влади и држави на земјите од Западен Балкан, 27-те земји членки на ЕУ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, високи претставници на Светска Банка, Европска инвестициска банка (ЕИБ), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Советот за регионална соработка.

Согласно програмата, пред почетокот на Самитот Европска Унија-Западен Балкан, предвидено е премиерот Ковачевски во 16:00 часот да има изјава за медиумите.

Премиерот Ковачевски ќе учествува во работните сесии на Самитот Европска Унија-Западен Балкан, каде во фокус на дискусиите ќе бидат геополитичката состојба, зајакнувањето на партнерството и соработката на земјите од Западен Балкан, забрзување на реформските процеси, како и усогласувањето на земјите од регионот со политиките и одлуките на ЕУ.

Во рамки на работната посета на Брисел, предвидено е премиерот Ковачевски, да одржи и билатерални состаноци.

Самитот Европска Унија-Западен Балкан има за цел да ги приближи кон ЕУ земјите од Западниот Балкан, подготвувајќи терен за нивно полноправно членство и овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните уште во текот на процесот на пристапните преговори.

Прочитајте повеќе

Руски агенти во мантија

Малку е познато дека и пред Васијан Змеев руските агенти во Македонија вршат непријателска дејност …