Ковачевски - Вучиќ: Пријателството и партнерството меѓу Северна Македонија и Србија се продлабочува, овозможуваме забрзан регионален развој

Ковачевски – Вучиќ: Пријателството и партнерството меѓу Северна Македонија и Србија се продлабочува, овозможуваме забрзан регионален развој

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска е во официјална посета на Република Србија.

На средба со претседателот Александар Вучиќ, се потврди долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Србија кое се отсликува преку постојаната взаемна поддршка за клучни прашања и предизвици кои ги засегаат двете земји.

Билатералните односи меѓу двете земји се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво, економска соработка и трговска размена.

На средбата беше разговарано за регионалните иницијативи кои се можност за перспективи и уште поголемо унапредување на меѓусебната соработка. Целта на Отворен Балкан и Берлинскиот процес е регионален развој и побрза интеграција на единствениот европски пазар и во Европската Унија.

Премиерот Ковачевски и претседателот Вучиќ разменија мислења за политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и за динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија и Србија. Во таа насока беа потенцирани реформските процеси во повеќе клучни области, градење на институционални капацитети како и развојните стратегии кои ги спроведуваат владите на двете земји.

На средбата беа разменети и информации за делувањето на двете држави во рамки на Западен Балкан, во контекст на економската, демократска и безбедносната ситуација во регионот и Европа.

На средбата беа присутни и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …