СДСМ: Ковачки го покажува грдото лице на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Ковачки го покажува грдото лице на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ

Драган Ковачки, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ и потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски.

Клеветењето и нечовечноста во редовите на ВМРО-ДПМНЕ го достигна својот зенит, а особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон други пратенички од парламентарното мнозинство.

Токму таквите методи на психичко и физизичко насилство кон противниците, беше одлика на 11-годишниот режим и токму таквото однесување резултираше со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на толпите организирани од ВМРО-ДПМНЕ на 27 април 2017 година.

Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката, ВМРО-ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него.

Јавноста, граѓаните со право реагираат, Собранието не е и никогаш повеќе нема да биде место за омраза, навреди и омаловажувања.

Однесувањето на Ковачки е последниот во низата примери дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни …