Ковид-19 привремено ги прати дома административците од две општини во Источна Македонија

Ковид-19 привремено ги прати дома административците од две општини во Источна Македонија

Од 14 септември (понеделник) по десетдневна пауза на работа се враќаат сите административци во Општина Македонска Каменица, кои од 3 септември работеа од дома поради тоа што нивен колега е позитивен на ковид-19. Откако беше потврден случајот, а неколку други вработени беа суспектни, зградата на општината беше затворена. Граѓаните со соопштение беа информирани за новиот режим на работа.

„Поради превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) помеѓу вработените во општинската администрација, се воспоставува систем на работа од далечина за вработените во општинската администрација во општина Македонска Каменица во период од 03.09.2020 до 13.09.2020 година“, информираа од локалната самоуправа.

Со цел граѓаните да можат да ги добијат услугите од општинската администрација, на влезната врата во Општината е истакната листа со телефонските броеви и електронски адреси на сите вработени, соопштија од Општина Македонска Каменица.

Во меѓувреме, административците работеа од дома, со цел непречено функционирање на општината. На интернет страната на општината беше споделен список со телефони на администрацијата.

Привремено затворена беше и Општина Крива Паланка, чиј градоначалник беше позитивен на ковид-19. Општинската зграда во Крива Паланка беше затворена од 2 до 9 септември, додека просториите беа целосно дезинфицирани.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …