Коѕиас: Груевски глумел дека не сака решение за името

Коѕиас: Груевски глумел дека не сака решение за името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас изјави дека „поранешниот македонски премиер, Никола Груевски глумел дека не сака решение на спорот за името“.

Оваа реакција на Коѕиас следува по информациите што ги објави „Викиликс“ дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името.

– Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со меѓународните играчи, се претвораше дека е принуден на компромис. Никој не му веруваше, освен, ако се потсетиме, господинот Мицотакис – изјави Коѕиас.

Инаку, „Катимерини“ објави доверлив документ на американската амбасада во Скопје под наслов „Што треба Македонците да направат за да го решат спорот за името“, кој го напишала тогашната американска амабасадорка во Македонија, Џилијан Миловановиќ.

Во него се пишува дека дека уште во 2008 година официјално Скопје дало согласност за промена на уставното име во „Република Северна Македонија“ ,,под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста“.

Во првиот дел од документот се споменува дека Миловановиќ своите заклучоци ги претставила по разговорите со тогашниот претседател и премиер на Република Македонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, и наведува дека условите биле прифатливи за земјата.

„Амбасадата на САД во Скопје оценува дека македонската Влада е подготвена заради отворањето на патот во НАТО и членството во ЕУ да се согласи со името Република Северна Македонија во сите меѓународни организации“, се наведува во документот на американската амбасада во Македонија, до кој дошол Викиликс.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …