Коѕиас неделава во Скопје со предлогот од седум точки

Коѕиас неделава во Скопје со предлогот од седум точки

Нацрт-предлогот за решавање на спорот за името со седум точки, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ќе го донесе неделава во Скопје, слетувајќи на меѓународниот аеродром „Скопје“, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според весникот, името, опсегот на неговата употреба, јазикот, идентитетот, трговските марки, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи нацрт спогодбата. Според „Катимерини“, предлогот за решение е комплетен, содржи одговори на сите поединечни прашања што се однесуваат на односите на двете земји, но и за перспективата на Македонија во меѓународните организации.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …