Кривични пријави против 10 лица за силување малолетничка и изготвување порнографски материјал

Кривични пријави против 10 лица за силување малолетничка и изготвување порнографски материјал

Јавното обвинителство соопшти дека поради страв од опасност од бегство, влијание врз сведоци или уништување на докази, јавниот обвинител до судијата  достави предлог за определување мерка притвор за осуммина, додека за две лица се бараат мерки на претпазливост.

Десет лица од Скопје, Велес и Тетово се осомничени за трговија со дете, производство и дистрибуција на детска порнографија и полова злоупотреба на немоќно лице. Јавното обвинителство соопшти дека поради страв од опасност од бегство, влијание врз сведоци или уништување на докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осуммина, додека за две лица предлози за мерки на претпазливост.

Осомничените се соочуваат со затворски казни од најмалку 3 до 8 години, во зависност од категоријата на кривичното дело.

Претреси биле извршени на повеќе локации, а истрагата била спроведена во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Секторите за внатрешни работи Велес, Скопје и Тетово, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

Претходно, на 26 јануари оваа година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против пет лица на возраст од 22 до 32 години, за трговија со дете, од кои на четворица им бил одреден 30-дневен притвор, а на еден домашен притвор.

По преземени понатамошни мерки и активности лоцирани биле и други лица, на кои се однесува денешната кривична пријава.

Па така, врз основа на наредби од судија на претходна постапка на подрачјето на Велес, Тетово и Скопје извршени биле претреси во дом и други простории кај пријавени лица, при што девет биле уапсени, а по едно лице, кое се наоѓа надвор од државата, се трага.

„Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати, марихуана, гасен пиштол и други предмети кои се предмет на кривично дело“, се вели во соопштението на МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата Д.П.Т.(23), А.З.(25), Р.А.(27), Т.Л.(26), С.Н.(25), сите од Велес и Р.В.(21) од Скопје за сторено кривично дело „трговија со дете“ од член 418-г став 3 од КЗ, А.Ф.(22). и Б.Ф.(27) двајцата од Велес за сторено кривично дело „полова злоупотреба на немоќно лице“ од член 187 став 2  вв став 1 од КЗ, К.Б.(31) од Велес и  Б.П.(31) од Тетово за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193 став 3 од Кривичниот законик.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …