колење коњи зоолошка

Кривични пријави за шест лица – полицијата во скопската зоолошка ги затекнала како колат коњи

Во обиколката на Зоолошката градина, пет лица биле затекнати во кујната, како подготвуваат храна од коњи кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката. СВР Скопје против шест лица, меѓу кои и сега разрешениот директор Кристијан Стаменов, ќе поднесе кривична пријава до обвинителствотопишува „Вистиномер“.

Текстот го пренесуваме во целост:

На грозоморна глетка од колењето на повеќе од десет коњи и мазги наишла полицијата, кога вчера, околу 18 часот, влегла во скопската зоолошка градина, а откако „Вистиномер“ објави дека таму се колеле коњи за кои сè уште не е познато од каде се земени, за да им се даваат како храна на месојадните животни.

Од МВР сведочат дека на лице место затекнале како се убиваат два коња, а претходниот ден биле усмртени седум други. Вкупно, на начин кој не е познат, набавени биле вкупно 16 коњи и мазги.

Претходно, месото за животните во скопската Зоолошка градина се набавуваше на тендер, исто како и годинава, кога во мај е склучен договор со фирмата „Римес“ за набавка на месо за дивите животни во вредност од 73 илјади евра.

Според информациите на МВР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделението за криминалистички работи Карпош од слобода лишиле пет лица, од кои четворица биле вработени во Зоолошката градина (Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), а еден, З.Р. (44) бил надворешен соработник. Подоцна, на разговор бил повикан и директорот, Кристијан Стаменов, кој вчера беше разрешен од функцијата в.д. директор од страна на Град Скопје.

Во обиколката на Зоолошката градина, петмината биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни.

На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарсто, кои констатирале неправилности во постапката. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, по член 228 од Кривичниот законик.

Кривични пријави за шест лица – полицијата во скопската зоолошка ги затекнала како колат коњи

За начинот на кој коњите стигнале во Зоолошката градина за да бидат усмртени, вчера имаше различни изјави. Директорот на Зоолошката градина, Стаменов, тврдеше дека коњите им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, вели дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да се даде жива стока во Зоолошката градина, туку истата се дава на затворот „Идризово“, каде што има штали и храна.

Оттаму, неизвесно е дали за набавката на коњите воопшто постоела соодветна документација и записник за примопредавање, како ни тоа дали воопшто биле прегледани од ветеринарна служба, за да се донесе одлука дека треба да се усмртат.

Николче Бабовски, директорот на АХВ, сè уште се нема произјаснето за случајот, а утринава не одговараше на нашите повици.

Автор: Мери Јордановска

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …