гранатирање виница

Рускиот ракетен напад врз украинска Виница досега одзеде 23 животи, се стравува за 39 исчезнати лица

Рускиот ракетен напад врз центарот на украинскиот град Виница досега одзеде 23 животи, а меѓу загинатите се и три деца, јавува Гардијан. Украинските сили продолжуваат со потрагата по преживеани лица под урнатините на погодените згради – објект со канцелариски простор, станбена зграда, паркинг и културен центар. Десетици лица се повредени во ракетниот напад, а стравувањата на украинските власти се за судбината на 39-те исчезнати лица.

Виница е град со околу 370.000 жители лоциран на околу 260 километри југозападно од Кијив. Извештаите на светските медиуми велат дека ракетите „Калибар“ биле истрелани од руска подморница лоцирана во Црното море. Болниците во Виница примиле 66 повредени лица, од кои пет цивили се наоѓаат во критична состојба.

Украинските власти информираат дека во воената офанзива што ја предводат на југот на земјата досега се ослободени 44 населени места во Херсонската област, пренесува Укринформ. Украинската војска речиси секојдневно врши напади врз позициите на руската војска во оваа област, а целта е ослободување на окупираниот регион од страна на Русија.

Британското Министерство за одбрана во редовниот извештај ги пренесува непотврдените информации за влезот на руските сили во предградието на градот Сиверск во Донецката област. Исто така, тие додаваат дека градот Бахмут најверојатно ќе биде следната цел на руските сили пред да ја започнат офанзивата за освојување на двата најголеми града под украинска контрола во Донецката област – Словјанск и Краматорск, пренесува Гардијан.

Паралелно со офанзивните дејствија од земја, руските сили во Украина продолжуваат со воздушни и артилериски напади по украинските градови. Во Миколаив утрово со 10 ракети биле погодени зградите на двата најголеми универзитета во овој пристаништен град на Црното море. Засега нема информации за загинати и повредени, јавува Укринформ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Шефот на ФБИ најави оставка

Шефот на ФБИ најави оставка

Изборот на Доналд Трамп за американски претседател носи промени на кормилото на ФБИ. Шефот на …