Крушево: Денот на независноста и Денот на ослободувањето одбележан со традиционалниот планинарски марш

Крушево: Денот на независноста и Денот на ослободувањето одбележан со традиционалниот планинарски марш

Денот на независноста и Денот на ослободувањето на Крушево, 8.Септември, крушевчани ги прославија со планинарски марш од манастирот „Свето Преображение“, па се’ до врвот Мусица.

Планинарскиот марш е традиција која во Крушево се практикува подолго време, а оваа година го поддржаа голем број на граѓани.

Одбележувањето на 8.Септември во вечерните часови продолжи во градскиот парк, со концерт на Кристина Арнаудова и со настапот ди-џеј Хуго.