Крушево

Крушево: Ќе се реконструира спортската сала во ОУ „Никола Карев“

Годинава ќе се реконструира спортската сала во ООУ „Никола Карев“ Крушево, по одлуката на Владата за финансирање на овој проект.

Крушевското основно училиште до пред две години беше во тешка финансиска состојба, а недомаќинското работење на претходното раководство доведе и до нарушување на состојбата на спортската сала.

„Во изминатите две години успеавме да ја одблокираме сметката на ОУ ‘Никола Карев’ и да го преполовиме долгот, а сега благодарение на Владата целосно ќе се реконструира училишната сала. Со реконструкцијата ќе обезбедиме подобри услови за учениците, здрава средина и ќе ја подобриме генералната состојба на училиште“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Финансирањето на реконструкцијата на спортската сала е во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2020 година на Владата.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …