Крушево: Населеното место Алданци ќе добие детско игралиште

Крушево: Населеното место Алданци ќе добие детско игралиште

Општина Крушево, во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка гради игралиште за деца во дворот на подрачното училиште „Никола Карев“ во с. Алданци.

Станува збор за проект кој градоначалникот на Крушево, Томе Христоски го најави при презентацијата на минатонеделниот отчет.

„Покрај реконструкцијата на улици, во Алданци започнавме со изградба на детско игралиште во училишниот двор. Претходно, училиштето во Алданци и сите останати подрачни училишта се санираа, се’ со цел обезбедување подобра средина за нашите ученици“, рече градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …