Крушево: Нова стратегија за развој на туризмот

Крушево: Нова стратегија за развој на туризмот

Општина Крушево ја изработи стратегијата за развој на туризам за периодот од 2020 до 2025 година.

Стратегијата ги ревидира приоритетите од последната стратегија, ја детектира моменталната состојба и дава приоритети и цели врз основа на светските трендови на туризмот и потенцијалите на Крушево.

Стратегијата е изработена во консултација Оо општина Крушево, а беше предмет на увид и на граѓаните на општина Крушево и сите засегнати страни.

„Продолжуваме да работиме врз основа на оваа стратегија. Драго ми е што имаме еден ваков документ, затоа што создава поголема одговорност за нас, а истата е остварлива. Благодарност до Министерството за економија во имплементацијата на проектот“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Стратегијата е изработена со финансиска поддршка на Министерството за економија.

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …