Крушево: Одржана првата форумска сесија, граѓаните предложија 7 проектни решенија

Крушево: Одржана првата форумска сесија, граѓаните предложија 7 проектни решенија

Во пензионерскиот дом во Крушево, вчера се одржа првата форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“. На форумот учествуваа околу 60 луѓе и од него произлегоа 7 проектни идеи.

На форумот се обратија градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и претседателот на Совет, Тома Петроски кои ги повикаа граѓаните да земат активно учество, за да произлезат проекти кои вистински ќе ги отсликуваат потребите на граѓаните.

„Драго ми е што продолжуваме да ја практикуваме партиципативната демократија во нашата работа. Проектот ‘Зајакнување на општинските совети’ не е само корисен заради финансиските средства кои ги добивме по нашата апликација, туку и заради поголема транспарентност на Општината и Советот и вклучување на граѓаните во одредување на кој и каков проект да се искористат средствата обезбедени преку проектот“, рече градоначалникот Христоски.

Претседателот на Совет на општина Крушево, Тома Петроски потенцираше дека проектот се состои од два дела, односно првата компонента се однесува на подобрување на транспарентноста на Советот, а втората за имплементација на еден до три приоритетни проекти. За првата компонента на располагање се 12.000 швајцарски франци, додека за втората 50.000 швајцарски франци.

Оваа сесија е прва од вкупно петте, на кои ќе бидат одредени приоритетни проекти за финансирање со обезбедените средства преку овој проект.

Форумот е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …